Зона Замфирова доживеа сообраќајна несреќа

Познатата српска актерка Катарина Радивоевиќ, позната по улогата на Зона Замфирова, денеска доживеа сообраќајна несреќа. Таа со своето Пунто удрила во автомобил марка Волво, со кој управувал 55-годишен Србин.

Убавата актерка не ги почитувала правилата за предност во сообраќајот па предизвикала сообраќајна несреќа, пренесе српскиот Телеграф.

За среќа, во несреќата не е повредена ниту актерката ниту човекот со кого се судрила.

29.11.2013 - 15:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега