И второто повредено момче во несреќата во Кичево пренесено на скопските Клиники

И второто повредено момче од вчерашната страотна сообраќајна несреќа која го обои Кичево во црно, е пренесено на скопските клиники. Како што пренесува Охридњуз, и вториот повреден од специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид е пренесен на одделот за торакална хирургија во Скопје.

-Снимките од извршената компјутерска томографија покажаа дека пациентот има фрактура на пет ребра, повреди на белите дробови и главата. Тој е стабилен, но поради природата на повредите да не дојде до компликации превентивно пациентот е пренесен на одделот за торакална хирургија во Скопје, истакнааа од специјалната болница „Св. Еразмо, за Охридњуз.

За потсетување, до страотната сообраќајна несреќа во која животот за жал го загубија три млади момчиња, дојде кога  автомобил „Голф“ со кичевски регистарски таблички изгубил контрила и се забил во куќа на улицата „Ужичка Република“. Во возилото имало пет лица, од кои три загинале на лице место.

По трагедијата која го зави Кичево и цела Македонија во црно, денеска е прогласен Ден на жалост.

29.11.2013 - 14:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега