„Летале" тупаници на сите страни - тепачка во кафе бар во Куманово

27-годишниот С.Д. и 21-годишниот Д.Д. од Куманово си заработија кривична за учество во тепачка. Насилниците околу 03 часот, во кафе барот „Клуб“ на улицата „Маршал Тито“ во Куманово, се степале со 30-годишниот Д.А. и 22-годишниот С.В. по што С.Д. физички го нападнал Д.А. удирајќи го со тупаница во пределот на лицето. Потоа, на скалите на кафе барот Д.Д. физички го нападнал Д.А. удирајќи го во пределот на главата.

29.11.2013 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа