Штрајкови ја тресат Грција

Нови штрајкови ја тресат Грција, . Лекаритре стапија во 24-часовен штрајк поради планираните мерки за штедење во здравството и државниите болници денеска ќе работат само за итни случаи.

Медицинските работници планираат подоцна да одржат протест пред Министерството за здравство во центарот на Атина.

Грчките синдикати се незадоволни со плановите на Владата, која ја предводат конзервативци, вработените да се суспендираат и да се прераспределат во рамки на реформата на јавниот сектор и напорите да се намали буџетскиот дефицит.

29.11.2013 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа