ФОТО ГАЛЕРИЈА: Протест пред Владата против францускиот предлог
Неколку десетина луѓе попладнево се собраа пред Владата и протестираат против францускиот предлог кој денеска беше објавен. Сенароден протест е закажан за утре на повик на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Францускиот предлог беше објавен на веб страницата, а наида на остра критика од опозицијата. Малите коалициски партнери на Владата допрва ќе го разгледуваат и на следната седница ќе го кажат својот став. Опозициските партии од албанскиот блок се на истиот став. Прво да го видат, па дури потоа ќе го коментираат предлогот.
____________________________________________________________________________