НСА следела радикални исламисти кои гледале порно-филмови

Службите на Американската национална сигурносна агенција ги следеле радикалните исламисти за да откријат дали тие гледале порно-филмови. Како што пренесува Хафингтон Пост, се работи за радикални исламисти посветени на џихадот со што на овој начин е откриено дека нивните постапки не се совпаѓаат со нивните залагања,  а таквите слабости, ако се откријат, ја доведуваат во прашање нивната посветеност на џихадот.

Во документот не се наведува идентитетот на следените лица, но се истакнува дека не станува збор за луѓе кои се поврзани со терористички активности.

Овој документ дојде до Хафингтон Пост како еден од низата документи кои се најдоа на насловните страници благодарение на Едвард Сноуден.

28.11.2013 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега