Во Италија запленети кинески отровни пастелни боици

 

Италијанската полиција заплени пратка од 140.000 отровни пастелни боици произведени во Кина во кои имало  трипати поголемо количество од отровната материја ДЕХП, од дозволеното. 

Италијанските власти соопштија дека боиците требало да се продаваат во околу 800 продавници и оти веќе биле рекламирани.

Инаку, ДЕХП го забавува физичкиот и менталниот развој на децата и може да ги општети внатрешните органи.

28.11.2013 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега