Даночниците денеска ќе даваат крв

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска организира крводарителска акција под мотото „Капка крв, спасува живот“.

Акцијата се одржува втора година по ред во пресрет на одбележувањето на 29. ноември, Денот на даночниците и во рамки на програмите за општествена одговорност на УЈП.

Крводарителската акција ќе се одржува на 19 пункта низ Македонија, а крв ќе даруваат 136 даночници. 

28.11.2013 - 08:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега