Откриен е нов тип на ХИВ вирус

Романскиот весник „Романија либера“ објави дека нов тип на вирусот ХИВ е откриен во повеќе држави, меѓу кои и во Романија, Бугарија и Грција.

Овој нов тип е откриен кај  хомосексуалци и зависници од дрога, а според првите сознанија, овој вирус се шири многу побрзо од останатите типови на ХИВ.

 „Тоа е рекомбиниран вирус, кој се појави во Португалија и во Шпанија и полека се приближува во овој дел од Европа, па во моментот го има во Романија, Грција и во Бугарија“, изјави Адријан Стрејну-Черчел, директор на Институтот „Матеј Балш“ во Букурешт.

27.11.2013 - 16:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа