СДСМ: Бизнисот со Дрисла е скандал во светски рамки

СДСМ денеска обвинија дека бизнисот со Дрисла е скандал од светски рамки!

- Оштетен е заинтересиран странски инвеститор! Германскиот конзорциум Шулц тужеше и го доби судскиот спор и пред Управниот суд и пред Вишиот Управен Суд во Република Македонија! Од германската амбасада во Скопје веќе стигна порака дека ваквото однесување на градските власти претставува правна несигурност за потенцијалните германски инвестиции. Стануваат бесмислени сите досега потрошени милиони евра за милионски реклами и роуд шоуа со коишто се повикуваат странски инвеститори. Нема поголема антиреклама за странските инвестититори од вчерашната одлука на Коце Трајановски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје? Бизнисот со Дрисла е даден на италијанска фирма, формирана само два дена пред објавeни тендер. Дополнително сомнение е дали за италијанска фирма има банкарска гаранција како што наложува законот за инвеститорите. Или можеби зад фирмата стои финансиски институт,  какви што информации има во врска со случајот? За ова надлежните за тендерот не сакаат да зборуваат со образложение дека било тајна?!, велат од партијата.

 По вчерашното повторно доделување на Дрисла на сомнителниот, и според судовите, италијански инвеститор ФЦЛ Амбиенте, јасно е дека ништо не може да застане на патот на бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Ништо не може да ги запре ВМРО-ДПМНЕ дури и кога се во прашање интересите на граѓаните на Македонија, и кога цената за тоа е угледот на Република Македонија, додаваат од СДСМ.

 

 

27.11.2013 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега