Поради трагедијата во Рига летонскиот премиер си поднесе оставка

Премиерот на Летонија  Валдис Домбровскис  денеска поднесе оставка поради уривањето на покривот на трговски центар „Максима“ во главниот град на државата, Рига.

Валдис Домбровскис оваа одлука ја донел по денешната средба со летонскиот претседател Андрис Берзинш.

- Објавувам дека се повлекувам од функцијата премиер и преземам политичка одговорност за трагедијата, посочи Домбровскис, кој беше најдолго премиер во новата историја на Летонија.

Претходно, министерот за внатрешни рботи Рихардис Козловскис изјави дека е подготвен да поднесе оставка ако не бидат откриени и казнети виновниците.

Трагедијата се случи во четвртокот вечерта кога се урна покривот и еден од ѕидовите од трговскиот центар, а  подоцна се сруши и уште еден ѕид.

Летонската спасувачка служба соопшти дека во несреќата загинале 54 лица, меѓу кои и тројца пожарникари, а најмалку 40 други се повредени.

27.11.2013 - 16:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа