Поранешната сопруга на Џексон: „Муреј ќе биде убиен од некој фан, а јас ќе го купам куршумот“

Докторот Конард Муреј ја разгневни поранешната сопруга на Мајкл Џексон. Таа е загрозена од сведочењето на Муреј, во кое изјавил дека тој и Џексон  се шегувале на нејзина сметка дека ниеден од  нив двајца со ена не би сакал да има секс. 

"Муреј ќе биде убиен од страна на некој обожавател на Џексон, а јас ќе го купам куршумот", изјави гневната Роу за "TMZ".

Имено, таа е гневна на Муреј и заради тоа што не му верува дека Џексон се самоубил вбризгувајќи си смртоносна доза на пропофол додека докторот не бил во собата.

"Одвратно е тоа што така го валка името на покојниот. Сигурна сум дека поротата не наседна на неговите лаги", заврши гневната Роу.

27.11.2013 - 15:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа