Јавно му се одмаздила заради неверството

Британка откако дознала дека сопругот ја изневерува решила јавно да му се одмазди. Таа му ставила порака во локалниот бар, во која напишала дека се разведува од него и дека ќе го задржи кучето. Налутената жена го замолила вработениот во барот Ноахс Јард да постави напис на кој што пишувало: „Пол, се разведувам од тебе. Ќе го задржам кучето!“

„Бев многу лута и вознемирана, така што сакав овој напис да го видат сите. Кога дознав дека има афера, отидов во тој бар на пијалок и тогаш се досетив на овој начин да му се одмаздам. Во брак сме четири години и многу е тажно што дојдовме до оваа точка“, изјави Британката, која сакала да остане анонимна.

 Отакако го поставиле натписот таа му пратила порака да оди да го види, а според очевидците тој бил многу лут.

27.11.2013 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега