Првата книга печатена во Америка се продаде за 14, 2 милиони долари

Аукциската куќа Сотеби , соопшти дека книгата со псалми „Беј“,или  првата книга печатена во Америка, е продадена е на аукција во Њујорк за 14,2 милиони долари, што е најскапо продадено дело на аукција.

„Почетната цена беше шест милиони долари, а книгата е продадена за 14, 165 милиони долари“, изјави портпаролот на Сотеби.

 Идентитетот на купувачот не е соопштен.

 Книгата со псалми Беј, ја напишале аџиите, 20 години откако основале колонија во Плимут, Масечусетс.Таа е печатена во 1640 година, а денес постојат само 11 примероци од неа.

27.11.2013 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега