Француските власти бараат нарко дилер да им плати данок од 80.000 евра

Властите од Франција бараат нарко дилер да им плати 80.000 евра данок , откако ги пресметале неговите приходи од продажбата на дрога.

Идентитетот на дилерот моментално не е објавен, а тој се наоѓа во затвор во Нанси, а данокот му е пресметан врз основа на приходите од продажба на хероин во период од 2008 до 2011 година.

Како е можно да се оданочува целосно илегална активност. Случајот ќе го дадеме пред францускиот Уставен суд, истакна неговата адвокатка Самира Боудиб.

Личната потрошувачка на дрога е проценета на четири грама дневно и тоа може да се одбие од продажбата, се наведува во одлуката на даночната управа, која исто така, ги одбила и трошоците за транспорт на хероинот од Белгија.

 

Сумата од 80.000 евра е добиена врз основа на цена на хероинот од 15 евра за еден грам.

27.11.2013 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа