Целата светска потрошувачка ја контролираат само десет компании

Само десет индустриски гиганти ги произведуваат најпродаваните производи во широката потрошувачка на глобално ниво.

Сајтот Реди,изработи графикон на највлијателни фирми на светската потрошувачка, а според него компаниите „Кока-кола“, „Нестле“, „Џенерал Милс“, Џонсон и Џонсон“, „Келогс“, „Крафт“, „Март“, Пепсико“, „Проктер и Гембл“ и „Унилевер“владејат со нашите фрижидери и плакари.

Најприсутните производи за време на појадокот се „Корнфлекс“ и „Нескафе“, најпродаван шапмон е „Хед енд шолдерс“, а гел за туширање, кој често се користи е „Дав“. Најпродавана паста за заби е „Орал Б“, а фармерки „Дизел“.

Кремата за лице „Виши“ на пример му припаѓа на „Лореал“, кој е пак 30 отсто во сопственост на „Нестле“. „Оранжина“ е сопственост на „ДрПеперСнејпл“, која е ќерка на компанијата „Кедбери“, кој, пак е во сопственост на „Крафт“.

Со ова се докажува дека десетте индустриски гиганти на посреден и непосреден начин се поврзани со најпродаваните производи, кои се во секојдневна употреба ширум светот.

 

 Затоа треба да се запрашаме дали т.н. слободни пазари вистински се слободни или се слободни единствено оние, кои можат да прават што ќе посакаат, се заклучува во написот на сајтот Реди. 

27.11.2013 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега