ВИДЕО: Уловена риба стара 350 милиони години

На северот на Канада е уловена риба која е многу ретка и има многу чуден изглед. Еден од стручнаците кои ја испитувале ја идентификувал како Rhinochimaera atlantica или едена од најстарите риби во светот.

Според Најџел Хусеј, научник од Универзитетот во Виндзор рибата е примерок од долгонос-химер, која живее во океанот повеќе од 350 милиони години.

„Засега е уловен само еден примерок од оваа риба. Но ако се лови на големи длабочини, околу 1.000 и 2.000 метри, ќе се откријат дека ги има многу. Но, едноставно не знаеме“, вели Хусеј за ЦБЦ која ја објави прва фотографијата од оваа риба.

Рибата има долг нос и опашка камшик, а може да достигне големина од до еден метар. Некои луѓе ја идентификуваа риабата  како гоблин ајкулата.

 Во март оваа година, на YouTube е објавено видео снимено во северниот Индискиот Океан, каде се забележува риба на околу 2.000 метри длабочина.

 

26.11.2013 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега