ФОТО: Момче алергично на зима - дури и една снегулка може да го убие

Зимскиот период за Бернард Ворд од Северна Ирска може да биде убиствен  бидејќи тој е алергичен на снег. Вард во никој случај не смее да земе со голи раце храна и пијалок од фрижидер, бидејќи веднаш добива алергично нафрлање на кожата.

Прв пат симптомите на алергичност на студ ги почувствува во зимата пред две години. Истите симптоми кај него се појавија минатата зима, во 2012 година, кога Бернард чекал автобус на -10 степени Целзиусови. При алергиска реакција, на неговата кожа се појавува црвенило и пликови со различна големина. За неговата несреќа да биде уште поголема, тој може да доживее анафилактички шок како последица од алергиските реакции.

 „Животот целосно ми се смени откако ја добив оваа лоша алергија. Веќе плаќам високи сметки за греење и облека, па претстојната зима ме плаши. И најобична посета на бар со пријателите за мене е вистински проблем“, додава тој.

26.11.2013 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега