Принцот Вилијам е љубоморен на неговиот брат Хари ?!

Пред хуманитарниот натпревар на кој учествува, принцот Хари се јави од далечниот Антартик.

Во јавувањето тој изјави дека мисли дека неговиот брат Вилијам моментално би сакал да е на негово место само за да може да побегне од плачњето на бебето односно малиот Џорџ.

Принцот во натпреварот учествува со уште 12 лица во британската екипа. Натпреварот е со хуманитарен карактер за лица кои имаат некоја форма на инвалидност и минале низ трагедии во животот,а сите собрани средства ќе одат во здружението Walking With The Wounded.

 

Принцот ќе учествува во трката долга 300 км на многу ниски температури под нулата, а за ова му требало подолго време за да ја увери кралицата дека ќе биде целосно безбеден за време на 21 ден од патувањето односно трката.

26.11.2013 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега