ВИДЕО: Уште едно уникатно запросување кое го освои Балканот

Уште едно интересно и необично запросување кое стана вистински Интерент хит. Босанецот Марин Зовко  на својата девојка и испратил порака дека има болки во градите и дека мора да оди на рендген и ја повикува дадојде со него во болница. 

Јелена за брзо време пристигнала во болницата и веднаш почнала да ја прашува докторката за сотојбата на Марин, но таа била исто така во играта и кажала на Јелена дека резултатите на нејзиното момче се толку сериозни, што медицината сè уште нема лек за таква болест.

Во истиот момент таа ја извадила  рендген снимката  на неговиот гарден кош, каде во срце пишувало: Омажи се за мене и тогаш се појавил Марин со прстен во рака. Погледнете...

 

25.11.2013 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа