Олимпискиот факел нурна во Бајкалското Езеро

Олимпискиот факел  се прошета о отворена вселена, со воз патуваше од едниот до другиот крај на земјата, го искачија на највисокиот врв во земјата, а деновиве го спуштија и на дното на најголемото езеро на планетата.

Тој заедно со еден спасувач се нурна во длабочините на Бајкалското Езеро. Организацискиот комитет на Зимските олимписки игри во рускиот град на Црноморското крајбрежје, објави видео од Николај Рибаченко, кој во нуркачка опрема пали пламен отпорен на вода и со олимпискиот факел се впушта во овој предизвик.

 Факелот до почетокот на игрите ќе мине околу 65 илјади километри, а на 7-ми февруари олимпискиот факел ќе го запали пламенот на ЗОИ Сочи 2014-та и ќе го означи почетокот на престижниот спортски настан кој ќе трае до 23-ти февруари.

25.11.2013 - 12:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега