ФОТО: Еве кои беа наградени на „American Music Awards“
Вчеравечер во САД се доделија „American Music Awards“. Наградите меѓу останатите им припаднаа на Тејлор Свифт, Ријана, „One Direction“ и Џастин Тимберлејк.
Ријана и Џастин Тимберлејк добија награда за најдобри ар ен би изведувачи.
Тејлор Свифт ја доби наградата како пејачка на годината, еве што кажа актерката на доделувањето
- 13 е мојот среќен број, а вие луѓе 2013 година ми ја направивте многу магична, им рече Тејлор на обожавателите и додаде дека на свои 23 години буквално не знае што и се случува.