"Мајкл Џексон случајно го уби Мајкл Џексон" - прозборе докторот на музичката легенда

Докторот кој е обвинет за убиството на кралот на поп музиката Мајкл Џексон, во интервју за Дејли Меил изјави дека не е одговорен за смртта на пејачот и дека тој самиот си пресудил.

„Не го убив. Се уби самиот со огромно количество лекови од неговите приватни резерви, со кои го снабдуваа доктори од Германија. Беше зависник од дрога. Мајкл Џексон случајно го уби Мајкл Џексон“, вели 60-годишниот Мареј и додава дека го сакал својот пациент и се грижел за него.

Ми зборуваше дека сум член на семејството, бевме како браќа и бев среќен што можеше да верува уште на некој освен на своите деца. Во една прилика ми рече дека до крајот на нашите животи луѓето ќе го изговараат моето име заедно со неговото. Го прашав како може да биде сигурен во тоа, а тој ми одговори: „видовит сум“, додава докторот во интервјуто.

25.11.2013 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега