До октомври Македонија искористила 40 проценти од средствата од ИПА фондовите

Македонија до октовмри оваа година искористила 40 проценти од средствата од ИПА фондовите. За ова денеска информираше вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими зборувајќи за македонските искуства во искористеноста на средствата од ИПА на Конференцијата на комисиите за европски прашања во Собранието. 

- Македонија до октомври се на се има околу 40 проценти искористеност на ИПА фондовите. Кога велам искористеност не зборувам за средствата што се искористени и исплатени, туку зборувам за ресурсите за кои постои договор за нивно искористување во однос на она што е испланирано за овој период, односно вкупните средства што се планирани за РМ и она што е договрено да се реализира во текот на овој период. Цифрата изгледа дека е малку ниска ако тоа се спореди во регионален аспект, со некои земји како што се Хрватска и Турција, кои имаат децентрализиран модел, реце Бесими. 

Македонија, според него, во одредени компоненти е малку под просекот на регионот, а во однос на некои други компоненти пак се наоѓа над просечната вредност.  
 
- Не го кажувам ова само да ја оправдам состојбата, туку сакам да кажам дека процесот е голем предизвик за нас. Ние започнавме со редовни состаноци и координација на ниво на националните ИПА координатори во сите институции и со делгацијата на ЕУ, на неделна основа, по проект. Исклучително важно за подобрување на резултатите е подбрување на отчетноста и транспаретноста на целиот процес, вели тој.

Тој посочи дека денеска попладне ќе се врши следење односно оценка на првата компанента од ИПА, а следниот петок ќе има средба со европската делегација за целосно скенирање и оценување на ИПА програмата за да се види на кој начин апсорбирањето на ИПА средствата и нивното искористување може да се подобри во РМ и како овие средства да се искористат како надополнување на државниот буџет и на нашата земја да и се помогне за развој, а и за пристапување во ЕУ. 
 
Втората сесија на конференцијата е посветена на визната либерализација, а останатите на функционирањето на ЦЕФТА и искуствата и преизвиците и за тоа како поблиску до ЕУ, кога свое обраќање ќе има евроамбасадорот Аиво Орав. 

25.11.2013 - 11:48
Фото: 
кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега