Семејството на Ѓоковиќ ќе гради хотел на Копаоник

Како што објави Блиц семејството на Новак Ѓоковиќ планира да изгради хотел на Копаоник кој треба да биде завршен со изградба до крајот на следната година.

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан купил земјиште на една од најатрактивните локации во Копаоник, во близина на Гранд Хотел. Хотелот ќе биде изграден на околу 1.000 квадратни метри. Во приземјето ќе има и голем ресторан Новак, а над него до 15 соби, пишува блиц

Во исто време хотел на оваа планина треба да изгради и шеикот Мохамед бин Зајед.

25.11.2013 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа