СДСМ: Врховен суд ја потврди пресудата на шефот на Мицкоски за „Насилство во Центар“, ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение
СДСМ реагираше по одлуката на Врховниот суд да ја потврди пресудата на поранешниот премиер Никола Груевски.
„Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение.
И Врховниот суд ја потврди пресудата за ашефот на Мицкоски за случајот „Насилство во Општина Центар“.
Груевски за „шамарите во Центар“ е осуден на затворска казна од 1 година и 6 месеци, а заедно со пресудите за други криминални дела на вкупно 11 години затвор.
Пресудите за случаите „Титаник“, „Плацеви на Водно“ и бројни принзанија потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија.
Потврдени се злосторничко здружување, организирано перење пари, незаконското богатење преку криминални Белизе-шеми, изборни измами, криминализација на изборниот процес, што 11 години ги правело ВМРО-ДПМНЕ.
Додека се спроведувале крминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е истиот Христијан Мицкоски, кој сега уценува, се заканува со деструктивност, кој целосно се загуби и не знае веќе како да наштети“, соопштија од СДСМ.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа