Дојава за бомба во авион на „Луфтханза“ на релација Франкфурт-Прага

Полицијата на аеродромот „Вацлав Хавел“ во Прага спроведува проверка на авион на авиопревозникот  „Луфтханза“, по добиената анонимна пријава дека во него е поставена бомба.

Дојавата за бомба во авионот била упатена за време на неговиот лет на релација Франкфурт-Прага, по што тој на конечната дестинација слетал принудно во 10.40 часот.

- Непознатиот зборуваше за бомба и терористи во авионот. Затоа, спроведуваме одредени мерки кои се преземаат при киднапирање на летало, изјави портпаролот на полицијата Катерина Рендлова.

Останатите летови кон и од прашкиот аеродром се одвиваат нормално.

22.11.2013 - 13:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа