Земјотрес го погоди Иран

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово Иран, во близина на границата со Ирак.

Се уште нема информации за материјалната штета,  а неколку спасувачки екипи се испратени во погодената област за да направат проценка на состојбата.

Епицентарот на земјотресот бил во местото Каср е Ширин, главен град на провинцијата Керманшах, кој од иранско-ирачката граница е оддалечен десет километри.

22.11.2013 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега