Путин: Не гледам причини за заладување на односите меѓу Москва и Анкара

Претседателот на Русија  Владимир Путин изјави дека не гледа причини за заладување на односите меѓу Русија и Турција, потенцирајќи дека тие активно се развиваат во сите сфери.

- Ние може да имаме разлики за одделни прашања, но тоа не води до заладување на односите, изјави денеска Путин на заседанието на руско-турскиот Совет за соработка на највисоко ниво во Санкт Петербург.

Според Путин, како што јави ИТАР-ТАСС, руско-турските врски се развиваат интензивно во сите сфери, а политичкиот дијалог меѓу двете земји е нормален.

Путин истакна дека Русија и Турција работат заедно на решавање на клучните регионални и меѓународни проблеми, како билатерално, така и во рамките на ОН и Г20.

 

 

22.11.2013 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа