"Македонски шуми" се поднови со 33 теренски возила за поефикасно справување со пожарите

ЈП „Македонски шуми“ интензивно се подготвува за поголема и поефикасна заштита од пожари. Како што изјавува директорот Жарко Караџоски, ЈП Македонски Шуми ќе се поднови со нова противпожарна служба за брзи интервенции, 20 крос мотори и 33 теренски возила. Претпријатието е во преговори со пријателски земји за донации, 10 цистерни за гаснење пожар и пик-ап возила со резервоари за 500 литри вода.

- Новата единица за брзи интервенции ќе брои 50 лица. Можно е дел да бидат од нововработените, но генерално ќе се оди на избирање искусни кадри зашто целта е што побрзо интервенирање, стигнување на лице место и ефикасно гаснење на настанатите пожари, рече Караџоски на прес-конференција.

Тој ги повика сите заинтересирани правни лица да учествуваат на тендерот што го објави „Македонски шуми“ за набавка на најсовремена ХТЗ опрема за гаснење пожари на отворен простор за потребите на новата служба. Опремата, согласно ЕУ стандардите, е составена од комбинезони, чизми, шлем кацига и поткапа.

- За ова значително придонесоа досега обезбедената опрема, начинот на организација во ЈП „Македонски шуми“, но и новиот Закон за шуми што стапи во сила во јуни годинава, потенцира Караџоски.

22.11.2013 - 11:57
Фото: 
засе.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега