Евакуирани над 25 илјади лица во Индија поради циклон

Над  25 илјади лица беа евакуирани од крајбрежните области на индиската држава Андра Прадеш, по прогнозите дека денеска оваа област ќе биде погодена од циклонот Хелен.

Според прогнозите, циклонот кога ќе пристигне на копното ќе донесе ветрови со брзина од околу 120 километри на час и поројни дождови.

Се очекува циклонот во крајбрежјето да предизвика бранови со височина дo 1,5 метри.

22.11.2013 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега