Актерот Хју Џекман опериран од рак на кожа

 

Глумецот Хју Џекман објавил фотографија  на Инстаграм на која  има фластер на носот. Не е во pрашање тепачка, туку славниот глумец бил подложен на операcија поради рак на кожа, но за среќа, не е сериозно.
- Сопругата Деб ми рече да ја прегледам бенката на носот. Добро е што го направив тоа – се покажа дека имам рак на кожа. Немојте да бидете будали акко мене. Одете на лекар. И користете крем за сончање!!!- порачал згодниот глумец.
Карциномот на базалните клетки, типот на рак кој го оперирал, е честа појава. За среќа, ретко метастазира и доведува до смрт. Се манифестира со тенки, обоени дамки на кожата и со сјајна површина, особено на лицето

22.11.2013 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа