Педесет години од убиството на Кенеди

САД денеска ја одбележуваат 50-годишнината од убиството на претседателот Џон Кенеди, кој беше убиен на 22 ноември 1963 во Далас.

 Претседателот на САД, Барак Обама денешниот 22 ноември го прогласи за Ден на помен на Џон Кенеди, како што јави ИТАР-ТАСС.

- Пред половина век Америка тагуваше за загубата на својот виден политичар. Кенеди го повика своето поколение да и служи на земјата и ја поведе кон подем, рече Обама.

Иако, годишнината е одбележена со мноштво телевизиски емисии и написи, низ САД се за денеска се предвидени изнанадувачки малку церемонии во спомен на Кенеди.

Џон Кенеди имаше 46 години кога пред 50 години беше смртно погоден од 24-годишниот Ли Харви Освалд, се наведува во резултатите од официјалната истрага, кои и денеска се жестоко оспорувани.

Роден во богато и влијателно семејство од Бостон, Кенеди беше најмладиот избран претседател на САД и првиот претседател католик. Тој беше убиен во текот првиот мандат, што започна во јануари 1961 година.

Неговото владеење беше одбележено од Студената војна и кубанската ракетна криза, неуспехот во Заливот на свињите во Куба и програмата Аполо за испраќање на човекот на Месечината.

Митот Кенеди во голема мера се должеше и на шармот на неговата сопруга Џеки. Снимките и веста за смртта на Кенеди, прострелан во претседателската лимузина во Далас, а до него е Џеки со розов костум на „Шанел“, го обиколија светот и се зврежаа во колективната меморија на човештвото.

Заради убиството Далас долго време беше познат како Градот на омразата.

22.11.2013 - 09:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега