Изумре видот жаба наречена по Дарвин

 

Жабата наречена по биологот   Чарлс Дарвин изумре поради смртоносната кожна болест која ги напаѓа водоземците, пренесува Т-портал.

Дарвиновата жаба  наречена е по таткото на еволуцијата, која ја открил во 1834 во Чиле, за време на неговото епско патување околу светот на бродот „Бигл“.

Жабата беше специфична по способноста за мимикрија во сув лист, како и по тоа што мажјаците ги носат полноглавците во звучен меур во устата, додека доволно не пораснат. Тие беа единствениот вид жаби, во кој мажјаците ја извршуваат оваа функција на „бременост“.

Научниците веруваат дека северниот подвид на Дарвиновата жаба во целост изумрел поради смртоносната габична кожна болест китридимикоза, додека популацијата на јужниот подвид е драстично намалена

22.11.2013 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега