Уапсени 28 лица поради детска порнографија

Полицијата во Канада уапсила уште 28 мажи заради поседување и објавување на содржини со детска порнографија.

Уапсените, кои се на возраст меѓу 21 и 68 години, биле откриени во покраината Квебек.

Покрај тоа биле запленети и десетици компјутерски хард дискови, 39 УСБ-а и друг материјал. Од најмалку 40 деца, чии слики се наоѓаат меѓу овој материјал, досега е идентификувано само едно петгодишно дете.

 Пред една недела кандската полиција разби меѓународна мрежа за детска порнографија со седиште во Торонто, уапси 341 лице и спаси 386 сексуално злоставувани мали деца ширум светот.

22.11.2013 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега