На плажа пронашол 80 килограми кокаин

Додека се шетал на плажа јужно од главниот град Токио, Јапонец  пронашол 80 килограми кокаин, чијашто вредност јапонската полиција го проценува на 48 милиони американски долари.

Дрогата била спакувана во неколку вреќи поврзани заедно и прицврстени на плута, од што полицијата заклучува дека криумчарите дрогата ја загубиле на море.

Локалните власти не сакале да дадат никакво натамошен коментар на прашање на AFP, за една од најголемите заплени на дрога во Јапонија.

 Во Јокосука, на 51 километар од Токио, инаку има американска морнаричка база.

21.11.2013 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега