Осомничен напаѓач застрелан пред зградата на турската Влада

Непознато лице, за кое се претпоставува дека носело експлозив, било застрелано од страна на безбедносните сили при обид да влезе во зградата на турската Влада во Анкара, објави електронското издание на весникот „Хуриет дејли њуз“.

Според турската телевизија НТВ, полицијата се обидела да го запре сомнителното лице на булеварот во близина на зградата на Владата, но тоа почнало да бега. Безбедносните сили тогаш отвориле оган кон осомничениот бомбаш-самоубиец, кој е повреден и пренесен во болница.

Се уште се проверува дали мажот имал експлозивни направи кај себе си.

Кон владината зграда веднаш биле испратени полициски екипи, а преземени се и зајакнати мерки за безбедност во реонот каде сообраќајот е блокиран. 

21.11.2013 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега