Карлеуша плачеше во судница

Јелена Карлеуша вчера беше на сослушување по повод 49 тужби поднесени портив српскиот водител Иван Ивановиќ се вознемирила и плачела.

- По повод 49 тужби поднесени против телевизија „Прва“ и водителот Иван Ивановиќ, Јелена Карлеуша утрово во 9 пред судијата даде опширно сведочење за сите години на злоупотреба од страна на обвинетиот. Видно потресена, со плачење, таа зборуваше за тортурата и невистините во медиумите и навредите, како на личен, така и на професионален план, пишува на официјалната страница на пејачката.

Пејачката го тужи водителот Ивановиќ, но и Сека Алексиќ и Аца Лукас за „континуирани напади врз неа, нејзината кариера, децата и семејството“.

21.11.2013 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа