Зидан си доби шест години казна затвор

Египетскиот фудбалер Мохамед Зидан доби шестгодишна затворска казна поради измама.

Наредните шест години  31 годишниот фудбалер ќе ги помине во затвор откако издал три чека со голем износ и се обидел да измами една компанија за недвижности во Египет.

Мохамед Зидан беше дел од шампионскиот состав на Египет во 2008-ма и 2010-та година кога станаа шампиони на Африка. Покрај тоа во својата кариера беше и дел од германските тимови Мајнц, Борусија Дортмунд, Вердер и Хамбургер, како и за данските тимови АБ и Митјиланд. За селекцијата на Египет забележа 44 настапи на кои постигнал 13 голови.

21.11.2013 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега