Загина студент во протестите во Каиро

Убиен е еден студенет, а петмина други се уапсени при судири меѓу приврзаници на сменетиот египетски претседател Мохамед Морси и безбедносните сили на Универзитетот „Ал-Азхар“ во Каиро.

Припадници на египетските сили за безбедност доцна синоќа упаднале во Универзитетот во обид да ги растурат демонстрантите кои запалиле дрва пред универзитетскиот кампусот, барајќи ослободување на студентите уапсени во текот на претходните судири со полицијата.

Според египетскот весник „Ал-Ахрам", убиениот студент бил застрелан во главата, кога припадниците на силите за безбедност отвориле оган врз студентите, кои врз нив фрлале камења и тули.

 

21.11.2013 - 09:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега