Студенти од екс-ју државите ќе се борат против трговијата со луѓе

Петтата Екс Ју конференција „Борба против трговија со луѓе - Стоп за модерното ропство“ ќе биде отворена попладне во Македонската академија на науките и уметностите.  Конференцијата е организирана од Европското здружение на студенти по право - ЕЛСА Република Македонија и ќе трае од денеска до 24 ноември со учество на студенти по право од државите на поранешна Југославија.

- Овој фатален проблем, наречен уште и „модерно ропство“, најчесто се случува за експлоатирање на жртвите за проституција, други форми на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа и слугување, ропство, присилни бракови, принудна фертилизација, незаконито посвојување, нелегално транплантирање делови од човечкото тело, принудно вршење криминални активности... Целта на оваа конференција е преку дебата да се подигне нивото на јавната свест кај луѓето во однос на оваа тема, соопшти ЕЛСА.

21.11.2013 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа