Уапсен е осомничениот крававиот напад во „Либерасиот“

Француските власти вчера уапсиле маж, кој е осомничен за наодамнешниот напад врз редакцијата на парискиот весник „Либерасион“, кога тешки повреди заработи еден фоторепортер.

Портпаролот на француското Јавно Обвинителство информираше дека осомничениот, кој „многу личел на напаѓачот“, бил уапсен во северно преградие на Париз.

Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс соопшти дека  уаспениот мажот е идентификуван како Абделхаким Дехар и дека и претходно бил осуден за вооружени напади.

- Сите факти ја докажуваат неговата инволвираност во нападите од последните денови, изјави синоќа Валс.

Соиред Валс, Дехар веројатно се обидел да си го одземе животот, бидејќи бил пронајден во полусознание во автомобил во една подземна гаража во преградието Боа Коломб.

Местото каде што се наоѓал Дехар било откриено благодарение на информации добиени од човек кој повремено го засолнувал и кој се јавил во полиција.

Се претпоставува дека осомничениот е одговорен за уште три напади на различни места во францускиот главен град. Мотивите за инцидентите засега не се познати, а по нападот врз „Либерасион“ беа зајакнати безбедносните мерки околу медиумските згради, како и на најпознатата париска улица „Шан-з-Елизе“. 

21.11.2013 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега