Седници на три собраниски комисии

 

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат Законодавно-правната комисија и комисиите за труд и социјална политика и за финансирање и буџет.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе ги разгледуваат предлозите за изменување  и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, Законот за даноците на имот и на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, сите во второ читање. Дневниот ред на оваа комисиска седница е дополнет со  Предлог-закон за финансиска дисциплина и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за девизно работење, двата во прво читање.

На седницата на Комисија за труд и социјална политика на дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и на Законот за социјалната заштита, двата во второ читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, сите во второ читање. Дневниот ред е дополнет со два предлога во прво читање - Предлог на закон за финансиска дисциплина и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за девизно работење.

21.11.2013 - 08:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега