Жените ја враќаат „шумичката“ во мода

Жените во иднина би можеле да заштедат многу пари кои до сега ги трошеле на депилација на интимната зона. Пубичните или срамни влакненца се повторно во мода.

Се повеќе жени го прифаќаат природниот изглед на своето интимно подрачје, а и на мажите се повеќе им се допаѓа тоа.
 
Дури 51% од жените не ги обликуваат воопшто своите срамни влакна, 45% повеќе не сакаат да ги отстрануваат. А дури 62% пак велат дека нивните партнери го сакаат природниот изглед.
 
Истражувањето спроведено од компанијата UK Medics покажа дека и оние девојки кои го негуваат овој дел од телото, 33% се одлучуваат за бричење, 15% за креми за депилација, а 27% за професионално отстранување со восок.
20.11.2013 - 22:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега