ВИДЕО: Последните зборови на пилотот пред да се сруши авионот во Казан

Црните кутии од авионот кој се сруши во Русија при што животот го загубија сите 50 патници, дава одговори на некои нејасни прашања.

Според црната кутија – во кабината било мирно пред самото паѓање, се водел сосема нормален технички разговор меѓу пилотот, копилотот и безбедносната контрола. Во еден момент пилотот јавил дека не може да слета.

Пилотот пред вториот обид за слетување го исклучил авоматскиот пилот, и ги ставила моторите на максимална брзина – наместо како што е вообичаено на делумна максимална брзина, тие и да го спуштиле клунот за 25 степени наместо на 7 степени. На висина од 700 метри пилотот се обидел да ја воспостави потребната брзина, а за тоа да го постигне го спуштил клунот – тоа е фаталната грешка поради која авионот стмоглаво почнал да паѓа. Сево ова се случило во само 45 секунди.

20.11.2013 - 22:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа