Малала ја прими наградата Сахаров

Тинејџерката  Малала Јусуфзаи денеска во Стразбур и е врачена престижната награда на Европската унија за човекови права, во знак на признание за нејзината борба за правата на сите девојчиња и момчиња, на школување, соопшти ЕУ.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц притоа ја поздрави 16-годишната пакистанска активистка како „борец, хероина и извонредна млада жена“, која, како што кажа „пружила надеж на милиони луѓе“.

Младата Пакистанка е позната во целиот свет поради нејзината борба за образование на девојчињата во нејзината држава каде тоа право е оспорувано со насилство од страна на талибанците.

Таа, минатата година преживеа атентат што ја шокираше државата и меѓународната заедница. Името на Малала се споменуваше за можен добитник на годинашнава Нобелова награда за мир, која беше доделена на крајот на Организацијата за забрана на хемиското оружје.

Наградата што ја доделува ЕП, на Малала и беше врачена на пленарната сесија во Стразбур, каде европратениците долго аплаудираа. На додлеувањето на наградата беа присутни дваесетина други носители, со оглед дека годинава се одбележуваат 25 години од Наградата Сахаров.

Во обраќањето пред европратениците, Малала жестоко се заложи за правото на обраозвание од кое се лишени 57 милиони деца во светот.

- Тоа треба да влијае врз нашата совест, рече таа.

Малала повика на напуштање на „идеологијата на сила“.

- Вистинската супер сила е земјата која ќе брои ммногу образовани и талентирани лица, а не земјата со десетици илјадници оружја, нагласи таа.

Престижната награда Сахаров им оддава почит на личностите или организациите кои го имаат посветено својот живот и егзистенција на одбраната на човековите права и слободи

20.11.2013 - 16:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа