Пронајдена дрога во банани - запленети 283 килограми кокаин во Џенова

 Пронајдена  дрога во Џенова во контејнер со банани која била наменета за пазарот во централна Италија, а вредноста и се проценува на околу 60 милиони долари, се наведува во соопштението од италијанската полиција.

Благодарение на скенерите, полицајците и цариниците во двојното дно на контејнерот откриле 241 пакување чист кокаин, односно 283 килограми. Полицијата истражува кои би можеле да бидат вмешани во трговијата со дрога.

20.11.2013 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа