Сергеј Четковиќ ќе ја претставува Црна Гора на Евровизија

На овогодинешниот Евросонг кој ќе се одржи во Копенхаген претставник на Црна Гора ќе биде популарниот поп пејач Сергеј Четковиќ.

Тој најверојаттно ќе биде и автор на песна, која ќе биде љубовна.

„Песната ќе биде квалитетна, а се надеваме дека ќе влеземе во финале, што за мене би бил добар пласман“, изјави претставникот на Црна Гора, дополнувајќи дека сценскиот настап ќе биде едноставен, но и дека се уште не може да зборува за детали.

 

Изборот за Песна на Евровизија следната година ќе биде одржан во Копенхаген, а годинешнава победа на данската претставничка Емели де Форест.

20.11.2013 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега