Љубовна драма - си ја запалил девојката поради расправија

За време на реновирањето на својот дом во Шведска, љубовна двојка се карала околу неколку детали, а момчето на крајот од расправијата истурило бензин врз куќата и девојката и ги запалил.

Девојката успеала да избега од прозорецот кај соседите, кои на полицијата и рекле дека таа крварела и била многу изгорена.

Четириесет и две годишниот маж рекол дека речиси на ништо не се сеќава, велејќи дека испил неколку пијачки додека работел и дека бил избркан од девојката која постојано нешто пребарувала.

„Таа се жалеше на речиси се, како бојосувам, како чистам.... Работите станаа стресни", и рекол тој на полицијата.

 Тој бил обвинет на осум години затвор, а ќе треба да плати и штета од 32.000 долари на девојката која била оневозможена да работи од болка.

18.11.2013 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега