ЕВН Македонија со силна поддршка на грижата за старите лица

ЕВН ја почна големата акција за поддршка на сите активности на Црвениот Крст во насока на зголемување на грижата за старите лица во земјава по повод одбележувањето на “Неделата за грижа на старите лица”.

Старите лица ширум Републиката во текот на оваа недела ќе имаат можност да направат бесплатен преглед на шеќерот во крвта и на крвниот притисок. Паралелно со оваа помош, ќе се организира и кампања за подигнување на свеста кај населението за важноста и нужноста за грижата и негата на старите лица.

Поддршката од ЕВН Македонија ќе продолжи со донирање на средства за работа на теренските тимови на Црвениот Крст, кои даваат помош на стари лица во домашни услови. Центри за грижа на стари лица веќе постојат во Скопје, Велес и Крива Паланка, а ЕВН ќе овозможи да се оформат нови центри во Кичево и Дебар.

Волонтерите на Црвениот Крст ќе поминат обука за безбедност и заштеда на енергија, а своите знаења ќе можат да ги пренесат на нивните штитеници.

 

Со овие донација ЕВН Македонија покажува волја и голем придонес за грижата на една од позаборавените социјални категории на граѓани во Македонија. Партнерството со Црвениот Крст за доброто на социјално загрозените лица трае веќе неколку години. Одличната соработка оовозможува партнерството да биде долгорочно. 

18.11.2013 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа